Николај Овчаров, бугарски археолог и експерт за тракиската историја, како и член на Националниот кружок „За Македонија“, на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј му даде бугарски предзнак на кирилското писмо.

„Симболите останати низ вековите сведочат за тоа дека кирилицата е бугарска. Целата сериозна историска наука тврди дека кирилицата е бугарска. Таа е создадена во Плиска, што е познато од историските извори. Ние археолозите помогнавме во тој правец зошто откривме натписи не од почетокот на 10. век, кои ни ги покажуваат токму првите датирани нешта. Еден од нив е откриен во манастирот во Крепча. Имаме апсолутни докази дека кирилицата е направена во Бугарија. Нештата што ги зборуваат во РСМ се апсолутно неосновани, зошто Климент Охридски и Наум се испратени таму од Велики Преслав со задача да го наметнат новото писмо“, изјави Овчаров за тамошната телевизија Бугарија он ер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.