Тела на двајца мажи се пронајдени во приградската населба Железнички нов ред во Кикинда.
Како што објавуваат српските медиуми, се работи за убиство и самоубиство, кога З.М., инаку сопруг на Е.М., го убил Т.З, во неговата куќа, а потоа си пресудил на себе.
Наводно, З.М. дознал дека неговата жена е во врска со Т.З., што било и мотив на крвавиот пир.
Како што тврдат соседите, Т.З и Е.М. навистина биле во врска 6 години, а очигледно тоа неодамна го дознал и нејзиниот сопруг З.М, кој за време работел во Унгарија.
По убиството тој се обесил.
Полицијата е на местото на злосторството, истрагата која е во тек, ја води Вишото јавно обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.