ФБИ и ДЕА утврдија дека Радоје Звицер шверцува кокаин за Холанѓанецот Јос Лајдекерс (30), кој го води бизнисот од Турција. Картелот е под истрага и за киднапирање и убиство на агент на ДЕА во Истанбул

Откако американските ФБИ и ДЕА ја пробија шифрираната апликација Скај, која ја користеше лидерот на кавачкиот клан Радоје Звицер, откриено е дека и тој има свој шеф!

Звицер  работи за Холанѓанецот Јос Лајдекерс (30) – најбараниот европски бегалец познат по прекарите Холи, Боле Јос и Ел Президенте! Истрагата покажала дека Лајдекерс моментално живее во Турција и дека тој е тој што го крие Звицер од истражните органи, дознава „Ало“.

Холанѓанецот беше прогласен за главен кокаин бос во Европа од државното обвинителство и понуди награда од 75.000 долари за секоја информација што ќе доведе до негово апсење!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.