Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија денеска соопшти дека бара итна и одлучна реакција на меѓународната заедница, по повредувањето на две момчиња во Готовуши во близина на Штрпце.

Врз момчињата било пукано од возило во движење, при што едниот е застрелан во рака, а другиот во рамо. Тие се хоспитализирани во Грачаница.

Од Канцеларијата за КиМ тврдат дека, иако неколку очевидци ја виделе регистрацијата на возилото од кое се пукало, но локалната полиција го пропуштило возилото со осомничените.

Поради инцидентот Србите од Косово го блокираа регионалниот пат Штрпце – Урошевац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.