Ситуацијата на Косово беше една од темите на седницата на Националната конвенција за Европската Унија во Србија, а претседателката на српската влада Ана Брнабиќ своето обраќање на таа седница го заврши со молба до граѓанските организации да се огласат околу состојбата на Косово, истакнувајќи дека ситуацијата е „на раб на оружен судир“.
Мојата последна молба, а се однесува на европските интеграции и е исклучително важно за нашите европски интеграции, е во овој момент да дадеме сè од себе, сите заедно, да се обидеме некако да го зачуваме мирот. Ние навистина сме на раб на оружен судир, благодарение на унилатералните потези на Приштина. Јас ве молам, пред сè организациите од цивилното општество, чија основна цел е заштита на човековите права, да се огласите по повод тортурата низ која минуваат Србите на Косово и Метохија – кажа Брнабиќ.
Истакна дека адвокатот на уапсениот поранешен припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ 12 дена не може да дојде во контакт со својот клиент.
Тоа е причината за поставувањето на барикадите на северот на Косово – кажа Брнабиќ и додаде: Верувам дека заемно се нервираме, но важен е дијалогот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.