Убиените припадници на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан завршуваат на исти гробишта, во которската населба Доброта.„Курир.рс“ направи репортажа од овие гробишта каде се погребани сите криминалци кои порани биле од еден ист клан, а потоа се разделиле.

Тука се роднините на Радоје Звицер, водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ, неговиот татко  и многу други.

За нас е интересно што на овие гробишта е вечното почивалиште на Игор Дедовиќ кој беше изрешетан во Атина во 2020 година со неговиот партнер Стеван Стаматовиќ за шверц на 300 килограми  кокаин.

Дедовиќ и Стаматовиќ имаа македонски пасоши кои ги добија кога околу 200 светски криминалци добија наши патни исправи.

На гробот на Дедовиќ пишува „љубовта е посилна од смртта“ а има статуа на мал ангел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.