Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина покрена предмет против судијката Лејла Нумановиќ од Градачац, која одби да изрече забрана за приоѓање на убиената Низама Хеќимовиќ, по предлог на полициската управа Градачац, објави порталот „Аваз“.
„Во врска со вашето барање, би сакале да ве информираме дека Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина формираше случај по службена должност врз основа на написи објавени во медиумите за дејствијата на судија на Општинскиот суд во Градачац. Канцеларијата преку истрага ќе ги утврди релевантните факти за случајот, за да ги испита наводите за повреда на службената должност на судијата во одлучувањето“.
Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ пред неколку дена брутално ја ликвидираше својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, уби уште две лица, рани тројца, а потоа се самоуби.
Само четири дена пред убиството на судија на Општинскиот суд во Градачац, Лејла Нумановиќ донесе одлука со која го отфрли предлогот на полициската управа Градачац да му се изрече мерка забрана на Нермин Сулејмановиќ за вознемирување, следење и приближување кон жртвата, пишува „Аваз“.
Судот одлучувал за тоа откако Низама го пријавила партнерот од кој побегнала, за насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.