Припадниците на Управата за цивилна заштита на Република Српска пронашле осум тела во реката Дрина кај Братунац, каде рано утринава се превртел чамец со триесетина мигранти, изјави Влада Ранкиќ, водач на спасувачката екипа на Управата за цивилна заштита на РС.
„Околу 6 часот утринава при нелегално преминување на границата чамецот се превртел. Не ги знаеме точните информации, во моментов се пронајдени осум лица. За жал, мислиме дека бараат едно бебе и една мајка. Тоа е нешто што сега го имаме на располагање“, изјави Ранчиќ за новинарите.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата и пожарникарите-спасувачи продолжуваат со понатамошната потрага на реката Дрина и теренот околу неа.
Од вкупно 18 преживеани нерегуларни мигранти, 16 се од Сирија, а двајца од Египет. Исто така, од таа бројка, осум се полнолетни, а 10 се малолетни, а во тек е идентификацијата на телата – рече министерот Дачиќ и додаде дека Министерството за внатрешни работи на Србија соработува со Министерството за внатрешни работи на Република Српска во врска со овој настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.