Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ денеска изјави дека ќе поднесе оставка доколку за една година просечната плата не биде 1.000 евра, а минималната 700, колку што беше неговото предизборно ветување.
Минималната плата во Црна Гора сега е 450 евра, а просечната е околу 800 евра.
Програмата на Спајиќ предвидува и четиридневна работна недела, како и зголемување на минималната пензија на 450 евра, која веќе ја добиваат 70.000 пензионери.
На прес-конференцијата по повод 100-те дена работа на Владата, Спајиќ рече дека нема да се укине Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), како што се шпекулира, а нема да се укине ниту Фондот за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.