Косовската претседателка, Вјоса Османи го прими новиот шеф на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, Аиво Орав, при што рече дека Косово ги исполнило сите услови за стекнување статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

Како што соопшти нејзиниот кабинет, Османи рекла дека „Косово продолжува да биде на чело на реформите во сите области, усогласувајќи го своето законодавство со она на ЕУ, како и целосно координирано со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“.

Косовската претседателка на средбата со европскиот дипломат го истакнала значењето на третирањето на кандидатите за членство во Унијата „врз основа на заслугите и прифаќањето на вредностите што лежат во темелите на ЕУ“.

На средбата се разговараше и за последните случувања во земјата, вклучително и за безбедноста, како и за соработката на институциите на Република Косово со оние на Европската Унија во насока на исполнување на заедничките цели. Во овој дух, претседателката Османи го повтори големото значење на третирањето на државите аспиранти врз основа на заслугите и прифаќањето на вредностите што лежат во темелите на ЕУ“, се наведува во соопштението на косовското Претседателство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.