Претседателката на Косово, Вјоса Османи, за време на официјална посета на Костарика, се сретна со потсекретарката на САД за граѓанска безбедност, демократија и човекови права, Узра Зеја.

Во соопштението на кабинетот на Османи, на средбата станало збор за прогресот на Косово во исполнувањето на преземените обврски во рамки на Самитот за демократија, како и за интензивирањето на соработката меѓу Косово и САД.

Османи на средбата, одржана на форумот „Година на акција во рамки на Самитот“, изјавила дека Косово „продолжува да стои на линија со сојузниците во одбрана на демократските вредности“.

Во ова време кога демократиите во целиот свет станале директна мета на авторитарните тенденции кои се постојано во подем, Самитот за демократија е платформа која ги обединува земјите од сите страни на светот во нивните напори за консолидирање на демократските вредности и нивно натамошно промовирање и јакнење – порачала Османи, се наведува во соопштението од нејиниот кабинет.

Османи во Костарика престојува на покана на нејзиниот колега, Карлос Алврадо Кесада, а ќе учествува на церемонијата на инаугурција на новиот претседател на таа држава, Родриго Чавез.

Претходно, косовската претседателка престојуваше во Панама, каде што во петокот учествуваше на свеченоста на откривањето на споменикот на Мајка Тереза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.