Косовската претседателка Вјоса Османи во анкетниот лист до Агенцијата за борба против корупцијата пријавила недвижен имот вреден близу милион евра во заедничка сопственост на нејзиниот сопруг и родителите на нејзиниот сопруг, Приндон Садриу.

Таа изјавила дека нејзиниот сопруг во 2023 година купил куќа  вредна повеќе од половина милион евра. Со површина од 218 метри квадратни, тоа ги чинело 510.000 евра, пишува КоСсев на порталот Калксо.

Парите за купување на куќата се обезбедени, како што изјавила, од продажба на куќа во Австралија која била во сопственост на нејзиниот сопруг.

Од семејна заштеда и со кредит од 2019 година купиле и стан од 244 квадрати, чија вредност се проценува на 190.000 евра.

Османи поседува и „5,1 хектари земјиште и стан од 67 квадрати а годишната плата и е 33.070 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.