Лидерот на Српска демократија, Александар Арсенијевиќ и функционерот на таа партија Стефан Вељковиќ се ослободени откако денеска беа приведени во близина на Ибарскиот мост во Cеверна Митровица поради наводно попречување на полицијата.
Косовската полиција претходно ги приведе бидејќи ги „спречила“ комуналните работници да преминат преку исцртаните српски знамиња кај мостот на Ибар.
Тие лица и покрај предупредувањето продолжиле со попречување и спречување на завршување на работите, како и да провоцираат и поттикнуваат тензии. Со цел да се смири ситуацијата и да се создадат можности за работа, надлежните полициски единици биле принудени да дејствуваат и ги спровеле двајцата во полициска станица на разговор“, соопштија од полицијата.
По апсењето на функционерите на Српска демократија, група Срби се собраа пред полициската станица на северот на Митровица, барајќи ослободување на приведените.
На почетокот на дебатата „Меѓуетничка соработка, Општински комитет за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ во Собранието на општина Cеверна Митровица, работниците по налог на општината ги префарбале нацртаните српски знамиња во близина на главниот мост на Ибар, објави претходно РТС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.