Дваесетте основни прехранбени производи во Бугарија, за секојдневна употреба и од кои голем дел се присутни на божиќната трпеза, за една година поскапеле за близу 50 отсто, покажуваат податоците на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ).
Меѓу тие производи се ориз, леб, брашно, мелено месо, свинско и пилешко месо.
Виолета Иванова, заменик-директор на Институтот за социјални и синдикални истражувања при КНСБ, изјави за бугарски медиуми дека во декември продолжиле да растат цените на главните 20 стоки и услуги во државата, „што доведува до поскапување на животниот стандард“.
Податоците покажуваат дека со минимална плата во Бугарија таа потрошувачка кошничка од 20 стоки може да се купи 7 пати, додека во Германија – 31.
„За тие 20 стоки лани во септември требаше да се плати 65 лева, а сега 95 лева, односно зголемувањето е за 45 отсто“, прецизираше Иванова, пренесоа бугарскикте медиуми
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.