Вооружени полицајци и пожарникари упаднаа во станот во кој живеел терористот, објави српски „Блиц“, кој денеска со самострел рани припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград.
Имено, полицијата почнала да трага по неговите соработници и истомисленици, додека силни полициски сили почнале да пребаруваат повеќе локации во Нови Пазар, каде терористот живеел со сопругата.
Сè уште не е познато каде се наоѓа таа. Во станот влегле специјалци и пожарникари.
Последните денови двојката не била во станот што го изнајмиле, а соседите рекле дека не ги забележале.
Во Белград денеска околу 11 часот терористот Милош Жујовиќ (34) го нападна жандармот пред Амбасадата на Израел, во кој напаѓачот, кој е преобратен во ислам и е вахабист, извадил самострел од чантата и пукал кон него. Тој, пак, иако тешко ранет, возвратил и го ликвидира напаѓачот.
Терористот е родум од Младеновац, но го сменил местото на живеење и живеел во Нови Пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.