Двојниот убиец Алија Балијагиќ, по кого црногорската полиција трага шест дена, бил лоциран во селото Ораховица во општина Бело Поле, неофицијално дознава „Новости“.

Според дојавата, очигледно тој бил виден таму, а на тоа место тргнале бројни полициски сили.

По Алија Балијагиќ, кој е осомничен дека во петокот вечерта го извршил двојното убиство во селото Соколац кај Бело Поле, е распишана меѓународна потерница.По убиството во целиот крај владееше вознемиреност, а мештаните побараа оставка од полициските службеници.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, истакна дека МВР е во постојана комуникација со полициите на Босна и Херцеговина и Србија.

Сарановиќ, вчера не сакаше да зборува за случајот кој ја потресе цела Црна Гора, но во неформален разговор на новинарите им порача дека убиството е расветлено, дека е завршена форензичката постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.