Македонците од Бугарија денеска испратија отворена порака до министерот Бујар Османи, кој во изјава за БТВ рече дека „треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград“.

Во продолжение целата порака од ОМО Илинден Пирин до македонскиот министер Османи:

Господине Османи,

Најавувате проверка кој стоел зад отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“?

Тоа е познато на сите и никој го нема криено.

Тоа е на право место Друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија.

Финансиери на Клубот се двајца истакнати припадници на македонската заедница во Торонто Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас.

Посредник е Македонско меѓународно движење за човекови права.
Но господинот Османи не се интересира ниту од тоа кои го отворат клубот, ниту кој го финансира, туку се фиксирал само врз некои искажувања на посредникот искажувани во врска со други настани.
Можеби затоа што си барате изговор зашто нема да дојдете?! Правдање, зашто надворешниот министер на Македонија не ги поддржува Македонците во Бугарија?

Така е кога првиот македонски дипломат се информира од жолти сајтови кои шират прикриено бугарска пропаганда во Македонија.
Каде не помага таму и ги напаѓа оние што ни помагаат!
И каков срам – шефот на македонската дипломатија ќе проверува што граѓани на друга земја прават во својата земја и што граѓани на трета земја финансираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.