На рочиштето во случајот против неговите родители Милијана и Владимир, 14-годишниот Коста Кецмановиќ од Белград, кој на 3 мај минатата година изврши масакр во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“, вчера сведочеше речиси четири часа за злосторството. Тој ден уби девет врсници и еден чувар, а вчера првпат откри дека по пукањето „ја извадил рамката од пиштолот и го фрлил оружјето подалеку од него“.
На прашањето зошто го направил тоа, тој одговори: „За лична безбедност, да не ме убие полицијата“.
Според изворите на српските медиуми од самата судница, Коста тврдел дека масакрот го извршил поради неговата мајка Миљана Кецмановиќ, која „инсистирала тој да биде најдобар од сите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.