Филип Кораќ, десната рака на Лука Бојовиќ, кој според неговите адвокати и се предал на хрватската полиција бидејќи слушнал дека го бараат поради фалсификувани документи, не е првиот српски државјанин кој завршил во затворот „Реметинац“ во Загреб. Тој е еден најдобро чуваните затвори во Хрватска каде лежеле „елитни“ затвореници.

Зад ѕидовите на Реметинец беше Сретко Калиниќ, познат како Ѕвер, по престрелката со Милош Симовиќ.  Калиниќ уште во 2010 година беше пронајден ранет и префрлен во затворската болница.

По лекувањето бил сместен во Реметинац, а потоа екстрадиран во Србија. Симовиќ, кој пукал во Калиниќ, по злосторството побегна во Србија, каде што бил уапсен. Двајцата беа обвинети за учество во атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ и беа дел од Земунскиот клан.

Затворот Реметинец е најголемиот казнено-поправен дом во Хрватска. Интересно е што многу познати личности се најдоа во овој казамат во последните години, меѓу кои и Здравко Мамиќ, покојниот Милан Бандиќ, поранешен градоначалник на Загреб, но и поранешниот хрватски премиер Иво Санадер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.