Од 3 мај престануваат да важат досегашните правила за влез во Србија, поврзани со заразата со коронавирус, како за домашни, така и за странци.
Тоа значи дека за влез во земјата веќе не е задолжително поседување негативен ПЦР или антигенски тест, сертификат за прележаност или сертификат за примени вакцини. Ова важи за сите земји.
Секако, ова се заснова на моменталната епидемиолошка состојба и секоја земја може да ги врати дел од ковид-мерките, доколку кризните штабови проценат дека има потреба од тоа.
Во соседна Србија на сила останува препораката за носење маски во затворени простори, а задолжително во здравствени установи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.