Вицепремиерот на Хрватска и министер за одбрана, Иван Анушиќ изјави дека воениот рок кој во оваа земја се враќа како обврска од 1 јануари следната година ќе трае два месеци, а на тема финансирање вели дека безбедноста не дозволува заштеди.
Воениот рок ќе трае два месеци, почнува на 1 јануари 2025 година и едноставно продолжуваме да правиме се што сме соопштиле пред јавноста. Ги зголемивме платите на војниците, подофицерите и офицерите, нивните материјални права, не само преку личниот доход туку и преку дневниците и сето она што им следува“, изјави Анушиќ за хрватски РТЛ.
Во 2008 година, Хрватска привремено го прекина задолжителната воена служба и оттогаш таа е доброволна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.