Последниве денови на српско-бугарската граница се создаваат огромни километарски редици, јави БГНЕС. За влез во Бугарија од Србија се чека  најмалку 4 часа. Најголм број од тие што влегуваат се турски државјани кои работат во Западна Европа и главно во Германија.Се очекува денеска и утре сообраќајот да се зголеми и редиците да достигнат до 10 километри. Со овој сообраќај можно е чекањето за влез во Бугарија да достигне 6-7 часа.

Во моментов граничниот премин Градина/Калотина, според БГНЕС, е меѓу најфреквентните во овој дел од континентот.

„Чекав повеќе од четири часа за да влезам во Бугарија“, вели турски државјанин кој патувал од Германија за Турција. Тој  сподели дека „за минувањето низ Србија изгубил близу 15 часа“. „Прво чекавме над 4 часа за да влеземе во Србија од Унгарија, а сега чекаме и четири часа да поминеме низ Калотина“, додаде тој.

Проверките на бугарската граница се построги, бидејќи влегуваат  од земја не-членка на ЕУ во земја членка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.