Уривањето на авионот Антонов во близина на Кавала во Грција, силно ги вознемири граѓаните на областа, односно поширокото рурално подрачје на Палеохори.
Очевидци пријавиле во Атинската агенција дека првично виделе запален предмет, кој при падот предизвикал голем пожар и повеќе експлозии, а на социјалните мрежи се објавени бројни видеа од трагичните случувања.
Боже, падна – се слуша на едно од видеата.
Падот на авионот предизвика и сериозен прекин на елктричниот систем во областа. Антифилипи, Хортокопи и Палеохори беа паднати во темнина, поради големиот прекин на електричната енергија, а светлата од патролните автомобили и возилата на противпожарната служба беа единствениот извор на осветлување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.