Во рамките на мандатот за формирање Влада што го доби од грчката претседателка, лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис остварил телефонски разговори со претседателите на партиите кои обезбедија влез во Парламентот и гNи информирал за намерата на Владата да се забрзаат процедурите за новите избори да бидат на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис разговарал со претседателот на СИРИЗА Алексис Ципрас, со претседателот на ПАСОК Никос Андролакис, со генералниот секретар на Комунистичката партија Димитрис Куцубас и со претседателот на Грчко решение Киријакос Велопулос.

Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека Мицотакис на лидерите на партиите им повторил дека смета дека не постои предуслов за формирање Влада од сегашниот Парламент и дека има намера попладнево да го врати мандатот.

-Премиерот на политичките лидери им пренесе дека Владата ќе предложи забрзување на свикувањето и распуштањето на новиот состав на Парламенот за да може да се одржат парламентарни избори на 25 јуни, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.