Како последица на земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала со епицентар во градот Дефне во турската провинција Хатај, се урнаа две згради во градот Антакија под чии урнатини се спасени три лица, јавува Анадолија.

На овие локации веднаш беа испратени екипи за пребарување и спасување.

Едно лице е пронајдено под урнатините на зграда во населбата Гази и е спасено и пренесено во болница.

Спасувачките екипи продолжуваат со спасувачката акција за да стигнат до уште три лица за кои се вели дека останале под урнатините на истата зграда.

Две лица, исто така, беа извлечени од урнатините на урнатата зграда во областа Кучукдалјан и им беше укажана помош. Безживотното тело на едно лице е извлечено од урнатините на истата зграда.

Ахмет Басман за Анадолија изјави дека успеал сам да се извлече од урнатините.

„За време на земјотресот бевме четворица-петмина внатре. Ќерка ми беше тешко повредена, вујко и почина. Другите излегоа“, изјави Басман.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека во новите земјотреси загинале три лица, додека 213 се повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.