За изборот на луѓето кои ќе преземат важни должности, новиот словенечки премиер Роберт Голоб го користи своето корпоративно искуство, па така сите парламентарци од неговата партија мораа да одговараат на 12-те прашања од тестот на Галуп, со кој во компаниите се мери ангажираноста на вработените и нивната мотивираност за работа.

Станува збор за тест кој дава анализа на вредностите, со што се поттикнуваат позитивните страни на поединците и се избегнуваат потенцијални конфликти во работната средина, изјави за љубљанскиот дневен весник Delо Уршка Клокочар Зупанчич од партијата Движење слобода на премиерот Роберт Голоб.

И Зупанчич, како и другите четириесеттина пратеници избрани од листата на најсилната партија во парламентот, во тестот одговарале на прашањата од тестот Q12 на Галуп од коишто првото е „Знаете ли што од вас се очекува на работното место?“.

Истиот тест Голоб го користел при изборот на своите соработници во периодот кога пред да влезе во политиката ја водеше големата електроенергетската компанија „GEN 1“. Тој е вториот словенечки премиер досега кој своите претходни деловни искуства и методи во водењето на човечките ресурси има намера да ги пренесе во политиката, пишува Дело.

Во прилогот се додава дека таков начин на избор на соработниците и тимот на водечките функции прв во словенечката политика ги воведе покојниот премиер и претседател Јанез Дрновшек, кој пред влегувањето во високата политика беше директор на една филијала на некогашната „Љубљанска банка“ и успешен економист.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.