Четврти ден закани со бомби до училиштата во Софија и низ Бугарија. Повеќе од 45 нови закани, повторно испратени по електронска пошта, затворија училишта. Истрагата на полицијата чија цел е да се утврди каде се наоѓа испраќачот, продолжува. Директорите на локацијата одлучуваат дали часовите треба да продолжат, јавија бугарските медиуми.
Неколку училишта во Бургас го започнаа денот со мејлови за поставени експлозивни направи во зградите, поради што учениците беа евакуирани. Образовни институции во Пловдив, Стара Загора, Добрич, Јамбол и Софија, исто така, добија заканувачки пораки.
Не знаеме како да реагираме на такви сигнали. Дури и да не е конкретно хибридна војна, создавањето психоза исто така не е корисно за општеството и донекаде помага да се постигнат целите. Кај нас постои проблем – имаме стратешки рамковен Акт за антитероризам, но, за жал , немаме тактички дејствија, не знаеме што да правиме, изјави за бугарски медиуми експертот за национална безбедност Милен Иванов.
Националниот бугарски план за борба против тероризмот се очекува да биде ажуриран до 31 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.