Доскорешната владејачката конзервативна партија „Нова демократија“ повторно победи на денешните предвремени избори во Грција, покажува првата излезна анкета што ја објави атинската РТВ СКАИ.

Првиот примерок од излезните анкети покажува дека партијата на Киријакос Мицотакис денеска добила меѓу 40 и 44 отсто од гласовите, што ќе и овозможи самостојно да владее.

Водечката опозициска партија, левичарската популистичка СИРИЗА, доби 16,5 спрема 19,1 отсто од гласовите.

Следуваат: ПАСОК-КИНАЛ (10-13 отсто од гласовите), КПГ (7,2-9,2 отсто од гласовите), „Спартанци“ (меѓу четири и шест отсто), „Грчко решение“ (2,3 до четири отсто), НИКИ (ПОБЕДИ, 2,3 до четири проценти), Плевси Елефтериас (Патот на слободата, два до четири проценти) и МеРА 25 (два до четири проценти од гласовите).

Партиите кои ќе освојат најмалку три отсто од гласовите ќе влезат во Парламентот на Грција, а распоредот на пратеничките мандати се одредува со сложена пресметка.

Стопроцентни резултати од излезната анкета се очекуваат вечерва по 19 часот, а првиот официјален резултат ќе биде објавен половина час подоцна.

Грција денеска гласаше на вторите парламентарни избори во последните пет недели.

На изборите на 21 мај, „Нова демократија“ на Мицотакис освои најмногу гласови, но не доволно за формирање независна влада. Мицотакис без противење од другите партии одлучи да не формира коалициска влада, туку денеска да оди на нови избори кои се организираа според изменетиот изборен закон, а победничката партија ќе добие бонус од 25 до 50 пратенички места во зависност на резултатите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.