Полициската потрага по Урош Б.(21), кој е осомничен за синоќешното масовно убиство во селата кај Младеновац продолжува.

фото Курир.рс

Тој пукал на три локации во селото Дубона, Мало Орашје и Шепшин и сеел смрт со автоматско оружје убивајќи невини луѓе. Убил 8 лица, а ранил 13. По укажаната лекарска помош, ранетите кои се донесени на Итната помош се во стабилна состојба.

Прв пат пукал на луѓе кои си правеле скара а потоа заминал во друго село каде пукал на сретсело.

фото Курир.рс

Осомничениот има криминално и прекршочно досие за прекршување на Законот за оружје и муниција. Меѓу 8-те загинати има и млад полицаец кој тогаш не бил на должност и неговата сестра. Застрелал и невини деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.