Во семејната куќа во Бездан кај Сомбор, Србија 48-годишен маж со неколку истрели од огнено оружје си го убил синот (20), а потоа си го одзел животот, потврдија за Танјуг од сомборската полиција и Обвинителството.
На трагедијата и претходела вербален конфликт, а причината не е позната.
Несреќата ја пријавила постара жена која во тој момент била во куќата, за која постои сомнеж дека е мајка на лицето кое го извршило убиството и самоубиството, дознава Танјуг.
Се сомнева дека оружјето со кое е извршено убиството и самоубиството било нелегално поседувано, а според соседите, семејството не се сметало дека е во конфликт и велат дека живееле во Австрија и дека дошле во Бездан на одмор.
Телата се испратени на обдукција во Нови Сад, а понатамошната истрага на надлежното Вишо јавно обвинителство во Сомбор ќе ја утврдува причината за оваа трагедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.