-Во овие три дена сум во посета на Босна и Херцеговина како известител на Парламентарното собрание на Совет на Европа. За прв пат се случува пратеник од нашата држава да е известител за една држава, што е исклучително значаен момент, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при неговата посета во Босна и Херцеговина.

Николоски во текот на своето обраќање укажа и на средбите со амбасадорите и други високи претставници.

-Имаме средби со највисоките претставници на државата, со Владата, со пратениците, исто така имаме средби со шест амбасадори на Германија, Италија, Хрватска, Словенија, понатака на ОБСЕ. Исклучително битна средба со високиот претставник на Обединетите Нации за Босна и Херцеговина како и средба со Државната изборна комисија, средба со обвинителот за борба против организиран криминал и корупција, како и високиот совет кој што ги избира судиите и обвинителите во државата, секако и средби со граѓанскиот сектор и новинарите, рече тој.

Потпретседателот заклучи дека клучно од тие средби е борбата со организираниот криминал и корупција, тоа е нешто што го засега целиот регион и е предуслов за напредок кон Европската Унија и за задржување на младите во државата.

-Заклучок на сите овие средби е дека клучно е борбата со организираниот криминал и корупција, тоа е нешто што го засега целиот регион и е предуслов за напредок кон Европската Унија и за задржување на младите во државата. Ова е и за мене секако и за Македонија една голема работа затоа што вакви мисии помагаат и на подобрување на меѓународниот углед на државата, заклучи Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.