Пред градското собрание во Нови Сад станува се потензично – регистрирани се инциденти, искршени се прозорци, а фрлен е и солзавец неколкупати.
Искршени се прозорци на Градското собрание, а градски советници се обидоа да влезат во собранието и да поднесат барање за смена на функционери, но полицијата не им дозволи, јави Бета. Демонстранти се обидуваат да влезат насилно да влезат во Собранието и фрлаат петарди, но полицијата возвраќа со солзавец и спреј, јавија локалните медиуми.

Градскиот советник Миша Бачулов бара пратениците и советниците да застанат во првите редови и да ги предадат барањата кои се однесуваат на оставки и преземање одговорност.

Претходно, на протестот беше речено дека властите добиле рок од 48 часа да ги исполнат барањата и да поднесат оставки, во спротивно демонстрациите ќе бидат префрлени во Белград.

Организаторите ги повикуваат насобраните да не создаваат немири, да не се обидуваат да влезат во градското собрание и да не кршат, а тие што предизвикуваат немири тврдат дека се „уфрлени елементи“.

Насобраните бараат оставка од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.