Четири рачни бомби, пиштол и пендрек, според грчките медиуми, содржела чантата што две непознати лица ја фрлиле од мотор во движење во атинската населба Керацини, додека бегале од полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил претпладнево кога моторот не застанал на знаците од полицајците, по што следела потера при која еден од патниците ја фрлил чантата.

На местото веднаш пристигнал тим за неутрализирање на експлозивни направи, а полицијата сè уште трага по двете лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.