Популарната хрватска тиктокерка, Дијана Де Марко (Dijana De Marco) ненадејно почина на 23-годишна возраст, пренесуваат хрватските медиуми. Таа беше доста популарна на социјалната мрежа „Тик ток“, а ја следеле повеќе од 120 илјади луѓе.
Причината за смртта не е објавена.
Нејзините родители за „Јутарњи лист“ велат дека Дијана била секогаш насмеана и позитивна, затоа немало кој не ја сакал нивната Мрвица. На страна објавувањето видеа, неа ја чекала и нова работа во градинка, на која велат, многу ѝ се радувала зошто многу сакала деца. На новото работно место требало да се појави овој понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.