Tаткото на исчезнатиот Матеј Периш, Ненад Периш за српски „Телеграф“ потврди дека српската полиција го известила дека е пронајдено тело на млад човек во Дунав, чија гардероба одговара на онаа која ја носел 27-годишниот сплиќанец во ноќта кога исчезна, меѓу 30 и 31 декември минатата година.

Треба да се спореди и ДНК, но, според облеката, пронајденото тело одговара на описот на Матеј. Ете, тоа можам да ви кажам, немам ништо друго засега. Многу ми е тешко и очекувавме некоја посреќна информација, но секоја вистина е вистина и мораме да се соочиме со неа, јас и моето семејство. Тоа е така, ништо повеќе не можам да кажам. Многу ми е тешко. Ќе дојдам во Белград, изјавил Ненад Периш за „Телеграф“.

Како потсетување, утрово околу 9.30 часот е пронајдено тело на млад човек во Дунав, во близина на Ада Хуја. Според српските медиуми, гардеробата со која е пронајдено телото одговара на онаа којашто ја носел сплиќанецот Матеј Периш кога исчезна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.