Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова објави дека на маргините на Самитот за мир во Украина остварила средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. Засеа нема никакви реакции во Грција,
Во објава на Фејсбук Сиљановска Давкова истакнува дека со нетрпение очекува со Мицотакис и Главчев да се вклучат во продуктивни дискусии и оти мора да ги подобрат меѓусоседските односи.
-На маргините на Самитот за мир во Швајцарија остварив средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, пишува претседателката Сиљановска Давкова.
Таа денеска имаше обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржа во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.