Во близина на Суботица денеска неколку часа се слушаа рафали од огнено оружје, а вознемирени граѓани пишуваат дека пукањето се случило во шума. Се сомневаат дека се работи за пресметка меѓу мигранти. Повредени се две лица кои не се државјани на Србија, објавија српските медиуми.
Околу 13 часот дошло до конфликт меѓу две групи мигранти. Полицијата се сомнева дека се Авганистанци. За време на конфликтот било употребено огнено оружје, а полицијата е на терен.
Вознемирените граѓани пишуваат на социјалните мрежи и ги известуваат своите сограѓани да внимаваат и да не излегуваат од домовите.
Престрелката се случила во Маково Шума, место каде претходно се судриле мигрантски групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.