Тешка несреќа во која за чудо нема повредени лица се случи кај Градишка во Босна и Херцеговина, пред неколку дена, а снимката од она што остана од автомобилот остава без зборови.

Во него се гледаат дека на задното седиште на „голф“ се возеле постар маж и жена. Околу нив има садови, пластични шишиња, весници и кеси, но целиот преден дел од каросеријата на автомобилот го нема, како некој да го пресекол со нож.

Другиот дел од автомобилот е од другата страна на улицата, дијагонално десет метри.

@nikola_7128♬ Crna dvojka – Sateliti



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.