Синоќа на 64-годишна возраст во болницата во Шибеник почина Иво Ковачевиќ, таткото на исчезнатата Маријана Зајферт, победничка во реалното шоу „Велики брат“.
Како што јавуваат хрватските медиуми, пред неколку недели дознал дека има рак на белите дробови и за жал болеста забрзано напредувала.
Неговата сопруга Гордана Ковачевиќ ја потврдила тажната вест за Слободна Далмација.
-Му се слоши и умре од тага за нашата Маријана, не дочека да дознае што и се случило, рекла неговата сопруга.
Последното збогување со него ќе биде следната недела во крематориумот во Загреб.
-Најважно ми е да ја дознаам вистинската вистина, дури и ќерка ми да е мртва, да знам што се случило и да можам да однесам цвеќе на нејзиниот гроб. Само сакам да знам каде е моето дете? Што се случи со неа, рече тој неодамна во едно интервју.
Маријана исчезна во Загреб на 27 април годинава, кога се оддалечила од станот на улицата Ластовска во Савица, каде живеела со сопругот и синот. Пронајдени се само нејзините документи.
Нејзината сестра Маја во моментов е учесничка во реалното шоу „Задруга“ каде во својата исповед ги изрази силните сомнежи дека Маријана извршила самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.