НАТО соопшти дека првиот контингент од 200 британски војници пристигнал на Косово како дел од КФОР.
Ова распоредување доаѓа по конфликтот меѓу косовската полиција и напаѓачите на 24 септември во селото Бањска во општина Звечан.

„Првиот контингент од 200 британски војници пристигна во Косово за да ја засили мировната мисија на НАТО на Косово“, се наведува во соопштението.

Се додава дека ова е важен чекор напред за да се обезбедат силите на КФОР што му се потребни за исполнување на мандатот на ОН за одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе.

Романската влада, во вторникот објави дека исто така испраќа околу 100 дополнителни војници за поддршка на КФОР.

Во меѓувреме, медиумите објавија дека во текот на јануари следната година на Косово ќе бидат стационирани дополнителни 150 германски војници.

НАТО спроведува мировна операција на Косово од 1999 година во согласност со неговиот мандат според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

КФОР во Косово моментално има над 4.500 војници од 27 сојузници и партнери на НАТО.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.