Во Белград денеска продолжи судењето против родителите на ученикот К.К., кој минатата година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“.

На денешното рочиште сведочеше наставничката по историја, која беше ранетa во нападот, како и дадилката на ученикот кој уби девет ученици и чуварот на училиштето, пренесува Н1.

Судењето е затворено за јавноста, а детали од сведочењата не се познати



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.