Во Малo Орашје кај Смедерево, каде што У.Б.(21) ноќта на 4 мај со калашников уби осум лица, на локалните гробишта беа погребани М.М.(18), Н.М.(15), Л.М.(20), Н.С.(19) и А.М. (17).

Како што пренесуваат српските медиуми, на белградските гробишта, пак, беа погребани четворицата ученици и припадникот на обезбедувањето кои беа убиени во престрелката во ОУ „Владислав Рибникар“.

Најавено е дека во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе има уште два погреба на жртвите од масовното убиство во училиштето А.Б. во 15,00 часот и А.Ч. во 16:00 часот.

Во Србија е во тек тридневна жалост, која почна во петокот, на 5 мај, а која Владата на Република Србија ја прогласи поради масовното убиство во основно училиште во Белград, во кое ученик уби осум ученици и еден обезбедувач, со истрели од пиштолот на татко му, а рани уште шест ученици и еден наставник.

Ден потоа во Србија се случи ново масовно убиство кога У.Б со калашникови уби осум, а повреди 14 млади лица во селата околу Младеновац и Смедерево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.