Константинос Плеврис, адвокатот на европратеникот од Златна зора, Јоанис Лагос, повторно упати нацистички поздрав во судницата за време на денешното рочиште од процесот против Златна зора, иако во тек е истрага на грчкото Обвинителство за претходниот негов ваков поздрав пред десет дена, јави дописничката на МИА од Атина.
Плеврис, упатувајќи го нацистичкиот поздрав, објасни дека тие веруваат во Јоанис Метаксас(поранешен грчки фашистички диктатор), кој така поздравувал. Претседателката на судот порача дека „отсега не се дозволени поздрави и аплаузи”, а во спротивно ќе бидат воведени мерки.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање за нацистичкиот поздрав истакна дека тие континуирано го осудуваат ваквото однесување, кое не смее да се толерира и изрази уверување дека судството во рамките на своите овластувања ќе ги истражи ваквите однесување и „нема да ги остави без одговор”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.