Пратениците од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија Марија Георгиевска, Олга Лозановска и Берат Ајдари денеска и утре ќе учествуваат на парламентарната конференција на тема „Иднината на транспортот“, што се одржува во Приштина.

Како што соопшти собраниската прес-служба, целта на конференцијата е парламентарните комисии да дискутираат за иднината на транспортот и транзицијата по однос на потребата од низок јаглероден отпечаток.

На конференцијата е предвидено да се дискутира за заштита на животната средина во насока на одржливост, чист транспорт и паметна мобилност



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.