Авионот Ербас кој денеска полетал од белградскиот аеродром за Москва итно е вратен во главниот град на Србија поради дојавата за бомба, дознава Телеграф.
Како што дознава Телеграф, по електронска пошта пристигнала порака дека во леталото имало експлозивна направа во моментот кога авионот бил во воздух.
Во авионот имало 209 патници и членови на екипажот. Авионот е веднаш евакуиран по слетувањето на белградскиот аеродром, а специјални тимови почнуваат да го проверуваат авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.