За време на итен интервентен лет од островот Раб до Риека, Хрватска, бебе се роди во хеликоптер на Хрватското воено воздухопловство. Трудницата од Раб родила девојче тешко 4,94 килограми неколку минути пред слетувањето.
По тој повод, хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ и бројни медиуми ги посетија мајката и девојчето во болницата во Риека. Властите посебно им се заблагодарија на докторката по медицина, Данијела Врховски и на воената медицинска сестра Маја Херцег, кои ја породиле жената.
Беше некаде помеѓу Омишаљ и Риека, шест минути пред слетувањето. Се роди малата Лара. Сѐ мина добро и веднаш заплака. Ја ставивме на градите на мајка, ја повивме и по една минута слетавме, изјави д-р Врховски.
Мајката и девојчето се добро и веќе се вратени дома на Раб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.