На грчкиот остров Миконос 37 отсто отсто од направените ковид тестови се позитивни изминатата седмица.

Ова го покажуваат официјалните податоци од националната организација за јавно здравје на Грција.

Тоа претставува зголемување за 14 отсто на позитивните случаи споредено со претходната седмица.

Информациите од Грција се дека стапката на позитивност загрижувачки податоци покажува во дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со 16,14 отсто, како и островот Милос со 15,7 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.