Сообраќајната несреќа се случила околу 15 часот, на автопатот кај Баточина, во правец од Белград кон Ниш.

Автобусот кој превезувал ученици од гимназијата во Ниш, ја пробил заштитната ограда и застанал.

Според неофицијални информации, на возачот на автобусот му се слошило.

Тој се здобил со повреди, додека според првите неофицијални информации ниту еден од учениците не побарал лекарска помош.

Станува збор за учениците од неколку училишта во Ниш, кои како најдобри ученици биле на патување во Шпанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.