На денешното рочиште за тужбата на родителите на жртвите од масакрот за родителите на Коста Кемановиќ, малолетниот убиец пребледел и седнал кога ја видел мајката на Андрија Чикиќ, соученикот кој го застрела лани на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

За време на сведочењето, кога мајката на убиеното момче почнала да му поставува прашања, момчето почнало кратко да дише и пребледело, поради што морале да реагираат лекарите кои биле присутни на судењето, пренесува „Блиц“.

Врз основа на тврдењата на лекарите и старателите – работници од Центарот за социјални работи, може да се заклучи дека на момчето убиец му се качува притисокот кога ќе почувствува емоционален набој.

Наводно, борбата со емоциите му создава и физички проблеми во вид на бледило, отежнато дишење, потење, вели изворот.

Според неофицијални информации, мајката на убиеното момче го прашала убиецот на нејзиниот син „зошто го направил тоа“.

Тој одговорил дека се чувствувал „отфрлен“, вели соговорникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.