Тело на новородено машко бебе било пронајдено вчера во стан во белградската населба Вождовац, дознава „Телеграф.рс“.

Според информациите на порталот, до него била неговата мајка која наводно во полиција рекла дека родила мртво дете.

За случајот е известено и Вишото јавно обвинителство во Белград, кое наложи телото на новороденчето да биде пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција, како и токсиколошки наоди.

Кај бебето не се забележани надворешни повреди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.